Проблем за Симеоне: Жоао Феликс не игра против Ливерпул

Атлетико Мадрид ќе биде сериозно ослабен за утрешниот прв осминафинален дуел од ЛШ против Ливерпул откако Жоао Феликс отпадна од комбинација за оваа средба.

Португалскиот суперталент веќе извесно време е повреден, но лекарскиот тим на мадридскиот клуб се обидуваше да го оспособи за настап против актуелниот европски првак. Тој го пропушти последниот меч од Ла Лига против Валенсија, а откако денеска воопшто не тренираше со остатокот од тимот, стана јасно дека Феликс дефинитивно го пропушта дуелот со „црвените“. Покрај него, Симеоне нема да може да смета ниту на стартниот десен бек, Англичанецот Трипие.

Добра вест за „јорганџиите“ е што Диего Коста тренираше со полна пареа, па поранешниот ас на Челси би можел да настапи против Ливерпул. За очекување е домаќините да стартуваат со Мората како најистурен во нападот, помогнат од Кореа.

Се вчитува...