Проблем за Спалети, Наинголан ја пропушта Барселона

Интер во последните моменти од мечот успеа да оствари голема победа (1-0) против Милан во градското дерби, но остана без еден од важните играчи од средниот ред, Раџа Наинголан. Белгиецот заработи повреда на левиот скочен зглоб и мораше предвреме да го напушти натпреварот.

„Наинголан го повреди глуждот и јасно е дека нема да може да ни помогне на мечот од Лигата на шампионите против Барселона. Тој ќе замине на детални лекарски прегледи, и се надевам дека брзо ќе се врати во тимот. Среќни сме поради триумфот, но загубивме важен играч“, изјави Лучијано Спалети.

Се вчитува...