Проблем за Зидан – се повреди Серхио Рамос

Зинедин Зидан се соочува со сериозен проблем пред продолжението од сезоната во Ла Лига откако Серхио Рамос заработи повреда на денешниот натпревар меѓу Шпанија и Германија.

Шпанците го демолираа големиот ривал во првите 45 минути со 3-0, а единствена дамка беше повредата на Рамос, кој и покрај обидите не можеше да продолжи и побара да биде заменет уште пред крајот на полувремето.

Рамос по утрешното враќање во Мадрид ќе биде детално прегледан, по што ќе се знае колку би изнесувала паузата од терените, но се очекува тој да ги пропушти двете тешки гостувања во низа, против Вилјареал во Примера и против Интер во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...