Проблематичниот Србин доаѓа кај Елмас во Наполи

Аурелио де Лаурентис е подготвен да доведе неколку квалитетни засилувања во Наполи, а приоритет за тренерот Џенаро Гатузо е ангажман на нов голгетер. Милик ќе биде продаден во текот на летниот преоден рок, а иако како опции се споменуваа и Белоти и Имобиле, изборот на Гатузо паднал врз Лука Јовиќ.

Српскиот интернационалец не само што не ги оправда вложените 60 милиони евра во неговиот трансфер од Ајнтрахт во Реал, туку и во неколку ситуации ги налути „кралевите“ со своето непрофесионално однесување. Зидан веќе бара нов голгетер за следната сезона и ќе дозволи Србинот да си замине, а „наполитанците“ се надеваат дека ќе успеат да договорат двогодишна позајмица наместо да инвестираат околу 50 милиони за целосен трансфер.

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за Фабијан Руиз, па останува да се види дали „кралевите“ ќе бараат размена на Јовиќ за шпанскиот репрезентативец, за чии услуги се интересира и Барселона.

Се вчитува...