Проблеми без граници: Винисиус го пропушта „Ел Класико“

Реал Мадрид по голема битка стигна до трите бода против Виљареал (1-0), дуел што го одбележа црвениот картон на Винисиус заработен во второто полувреме.

Бразилецот стартуваше на клупата за резерви, во игра влезе дури во второто полувреме, а поцрвене апсолутно заслужено, поради влечење за коса на противнички фудбалери.

Проблемите се уште поголеми ако се знае дека голгетерот влезе во дополнителен конфликт со арбитрите, поради што бил пријавен и во официјалниот извештај по натпреварот, за што традиционално следи дополнителна казна.

„Винисиус, откако беше исклучен и се уште на теренот, продолжи да протестира за мојата одлука, да вика гласно. Додека доаѓаше кон дело на теренот каде што се наоѓав јас беше агресивен и мораше да биде држен од соиграчите, не можев да разберам што точно вика во тие моменти“, наведено е во судискиот извештај.

 Вообичаената казна за инциденти пријавени од судиите по црвен картон изнесува најмалку два меча неиграње. Ова е главоболка плус за тренерот Мурињо, ако се знае дека по следниот меч со Севиља дома, Реал го очекува големото дерби со Барселона на „Камп Ноу“, дерби што Винисиус речиси сигурно ќе го пропушти.

Се вчитува...