Проблеми без крај: Надал oткажа уште еден турнир

Проблемите за Рафаел Надал продолжуваат, тој мораше да откаже уште еден турнир. Шпанецот се повреди во Америка кон крајот на март и се уште нема конкретни информации каде би можел да се врати назад на терените.

Додека Новак Ѓоковиќ се подготвува за Монте Карло, Надал дефинитивно го пропушта турнирот во Барселона идната недела.

Портпаролот на актуелниот освојувач на АО, потврди дека Надал нема да игра во Каталонија и дека постои шанса тој да се врати на почетокот на мај, во Мадрид.

Надал се надева дека ќе може да игра во Мадрид и Рим, со цел да фати залет за отвореното првенство на Франција, каде е рекордер со 13 титули.

Се вчитува...