Проблеми со повреди во Реал Мадрид пред „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал Мадрид во 29. коло од шпанската Примера на домашен терен ќе ја пречекаат Барселона која е во налет со четири победи во првенството. Големото дерби е на програмата во недела на 20 март од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид моментално е водечки тим во Ла Лига со 66 бодови, десет повеќе од второпласираната Севиља и 15 од третопласираната Барселона, која има и натпревар помалку.

Кралскиот клуб иако е во победничка серија, повредите во тимот предизвикуваат нови главоболки за тренерот Карло Анчелоти. Бразилецот Родриго синоќа мораше порано да го напушти натпреварот против Мајорка поради повреда, а истиот проблем е и со Ферланд Менди. Поради болест, Едер Милитао не го одигра натпреварот во понеделникот.

Сепак, најголем проблем за Анчелоти е повредата на Карим Бензема. Неговото отсуство против Барселона би било голем удар за амбициите на Реал, бидејќи тој игра фантастично во последно време. На пет минути до крајот на дуелот со Мајорка се здоби со повреда, но сериозноста ќе се знае дури по дополнителни тестови.

 

Се вчитува...