Проблеми во „рајот“: Бруно го откачи Манчестер јунајтед

Иднината на Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед е сериозно доведена во прашање откако португалскио репрезентативец експресно ја одби понудата за нов договор со „црвените ѓаволи“.

Во Јунајтед се решени да го задржат Португалецот и во наредната сезона, но проблем е што договорот му истекува за помалку од една година, па летото 2027 ќе може да си замине без никаква отштета од „Олд Трафорд“. Англискиот гигант сака да го задржи капитенот со нов договор, но преговорите досега се покажаа како крајно безуспешни.

Проблемот е во тоа што Фернандеш бил незадоволен откако Јунајтед му понудил само 500.000 евра повисока плата од сегашната, и тоа само неколку дена откако Галатасарај му испрати мегапонуда од двојно повисока плата, плус богати бонуси за секој освоен трофеј и индивидуално признание во следните четири години.

Јунајтед има на маса понуда од 50 милиони евра од турскиот шампион, па останува да се види дали „ѓаволите“ можеби ќе се премислат и ќе ја прифатат, да не ризикуваат следното лето бесплатно да се збогуваат од својот лидер во тимот.

Се вчитува...