Проблеми за Англија: Двајца важни играчи се повредија на мечот со Хрватска

Англија ја победи Хрватска со 4-2 во првото коло во групата Л на Светското првенство, но овој триумф беше „платен“ со повреди на двајца клучни играчи кај „Гордиот Албион“.

Рајс го почна натпреварот против Хрватска, па селекторот Томас Тухел поради повреда беше заменет во 72. минута, додека во истиот момент Маркус Рашфорд влезе на теренот.

„Рајс е таков играч што не би го менувал до крајот на средбата. Но, со оглед на околностите, не сакавме да ризикуваме“, рече Тухел.

Проблеми со тетивата пријави и Маркус Рашфорд, кој постигна гол во 85. минута од средбата.

„Сметам дека не е ништо сериозно, но повторно ќе оди на прегледи, па ќе видиме“, изјави селекторот на Англија.

Се вчитува...