Проблеми за Атланта – повреда на Богдан Богдановиќ (ВИДЕО)

Њујорк стави крај на серијата од седум победи едно по друго на Атланта откако славеше со 90-99 на гостувањето во Џорџија. Хокс покрај тоа остнаа без два бода, останаа и без Богдан Богдановиќ кој поради повреда мораше порано да го напушти паркетот.

Српскиот интернационалец се повреди во втората четвртина по што со помош беше изнесен од теренот и не се врати до крајот на мечот. По натпреварот од Атланта соопштија дека станува збор за повреда на десниот скочен зглоб, а колкава е сериозноста ќе биде познато по деталните прегледи.

Се вчитува...