Проблеми за Емери: Нејмар и Верати се разболеа пред дербито со Олимпик Марсеј

Пари Сен Жермен утревечер го пречекува Олимпик Марсеј во дербито на колото во францускиот шампинат, а главоболки на тренерот Унаи Емери му создаваат Нејмар и Марко Верати. И двајцата го пропуштија вчерашниот тренинг на „светците“ и се неизвесни за настап на дуелот со Марсеј. Бразилецот има вирус и зголемена телесна температура, додека Италијанецот се пожалил на стомачни тегоби.

„Не знам, не сум доктор. Токму лекарскиот тим ме извести дека двајцата фудбалери не можат да тренираат. Нејмар има вирус, а Верати болки во стомакот. Се надевам дека ќе бидат подобро и дека сепак ќе бидат во тимот, но тоа ќе го дознаеме во наредните 24 часа“, изјави Унаи Емери.

Се вчитува...