Проблеми за Фенер, се повреди Де Коло

Фенербахче во наредниот период нема да може да смета на услугите на Нандо Де Коло, откако Французинот се повреди во воведните минути на натпреварот против Химки во рамките на Евролигата. По медицинскиот преглед беше утврдено дека станува збор за повреда на листот на десната нога поради која следува пауза од еден месец.

Искусниот бек оваа сезона беше еден од лидерите на тимот од Истанбул со просек од 13 поени, 3.6 асистенции, 3.4 скока и 1.4 украдени топки на 7 одиграни натпревари во најдоброто кошаркарско натпреварување во Европа, а неговото отстутво беше видливо и на вчерашниот натпревар во кој турскиот состав снема креативност во последната четвртина.

Сепак, добра вест за српскиот стратег на клупата на Фенербахче, Игор Кокошков е враќањето на Германецот Данило Бартел кој оваа сезона пропушти три натпревари.

Се вчитува...