Проблеми за Ѓоковиќ пред стартот на Мастерсот во Париз?!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, утре треба да ги започне настапите на последниот годинешен турнир од серијата Мастерс во Париз, но фотографиите од последниот тренинг ги загрижија фановите.

Ѓоковиќ на денешниот тренинг во Париз, имал проблеми поради што морал да интервенира неговиот физиотерапевт, Миљан Амановиќ.

 

 

 

Засега не е познато дали станува збор за посериозен проблем или само за мал проблем кој настанал за време на тренингот.

Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Валентан Вашеро кој вчера ја освои титулата на турнирот во Базел, на кој играше и Новак но загуби во осминафиналето.

Се вчитува...