Проблеми за Клоп пред Баерн: Фирмино неизвесен, Ловрен „во аут“

Бразилскиот интернационалец Роберто Фирмино го пропушти последниот тренинг на Ливерпул во пресрет на утрешниот прв осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Тој поради вирус остана в кревет и тотално е неизвесен неговиот настап на дуелот со германскиот првак.

Отсутен беше и дефанзивецот Ловрен, кој  речиси сигурно ќе го пропушти утрешниот меч.

Менаџерот Јирген Клоп сигурно ќе ги нема на располагање и Џо Гомез и Алекс Окслејд – Чемберлен поради повреди, како и Вирџил ван Дајк, поради жолти картони.

И Баерн Минхен има проблеми со повредите. Нико Ковач нема да може да смета на Џером Боатенг, Томас Милер и на Корентин Толисо, а под прашање е настапот на Кингсли Коман и на Арјен Робен.

Натпреварот меѓу Ливерпул и Баерн Минхен ќе се одигра утревечер, со почеток во 21 часот, на „Енфилд Роуд“.

Се вчитува...