Проблеми за Сити: Истрага од УЕФА за прекршување на финансиски фер-плеј

УЕФА вечерва објави дека официјално е покрената истрага против Манчестер Сити за наводно прекршување на правилата на финансискиот ферплеј (ФФП). Ваквата акција на европската куќа на фудбалот се стартува откако весникот „Шпигел“ во изминатите два-три месеци објави сериозни обвинувања, поткрепени со хакирани документи, дека англискиот првак во бројни наврати ги прекршил правилата за ФФП.

Нема да даваме дополнителни коментари додека трае истрагата, која ќе ги истражува последните информации околу бизнис-зделките на Манчестер Сити“ – се вели во соопштението на УЕФА.

Манчестер Сити беше казнет за прекршување на ФФП во 2014 година, кога плати 17 милиони фунти и дополнитени 37 милиони како „условна казна“ што ќе биде активирана доколку англискиот првак биде прогласен за виновен во овој случај. Бидејќи станува збор за повторување на престапот на „граѓаните“ им се заканува дури и исклучување од ЛШ во наредната сезона.

Се вчитува...