Многу проблеми за Солскјер: Матиќ ќе пропушти шест меча, меѓу кои и Арсенал и ПСЖ

Српскиот интернационалец Немања Матиќ воопшто не беше во составот на Манчестер Јунајтед на дербито против Ливерпул. Причината е јасна, одличниот играч за врска е повреден и ќе паузира еден месец. Ова секако ќе донесе нови главоболки за менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

Матиќ допрва ќе ги мине деталните лекарски прегледи, но речиси е извесно дека ќе пропушти шест натпревари во наредните триесетина дена. Меѓу нив и дуелот против Арсенал во Премиер – лигата, како и реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

Покрај ова, на повреди се жалат и Андер Ерера, Џес Лингард и Хуан Мата, како и Маркус Рашфорд.

Се вчитува...