Проблеми за Зидан пред гостувањето против Бетис

Реал Мадрид се врати на првото место на табелата, но „кралевите“ ќе мораат да слават на утрешното гостување против Бетис ако сакаат да се задржат на чело во Ла Лига.

Зинедин Зидан се соочува со сериозни проблеми со составот откако остана без помошта на двајцата десни бекови, Дани Карвахал и Начо, кои нема да можат да настапат во Севилја. Покрај двајцата одбранбени фудбалери, од комбинација за настап отпадна и Иско, кој воопшто не отпатува на ова гостување.

Во однос на последното „Ел Класико“ се очекува во средината на теренот да се врати Модриќ, а во нападот повторно шанса да добијат Бензенма и Винисиус.

Се вчитува...