„Пробувам да го копирам Ноле, неговиот метод носи резултати“

Италијанецот Флавио Коболи синоќа се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Монтреал.

Тој ја растажи канадската публика бидејќи таму беше подобар од момчето од Монтреал, Феликс Оже-Алиасиме, со 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.

Коболи, кој на турнирот пристигна како 33. во светот, откри кој му бил омилен играч и кого се обидел да го копира на мечот против Канаѓанецот.

„Секогаш го имав Ноле како играч на кој се угледував. И тука се обидувам малку да го имитирам. Не е само техниката што ми се допаѓа, туку и менталитетот. Се обидувам да ги вклучам и најмалите работи како работи што ги кажува на прес-конференции. Откако објасни како позитивно ја трансформирал поддршката од публиката кон неговиот противник, го применив и јас тој метод. Го повторив тоа неколку пати и морам да да признаам дека функционира!“, рече Коболи.

Се вчитува...