Продажбата почна: Билетите за Вардар – Загреб по цена од 350 и од 400 денари

Навивачите на Вардар од денеска можат да си набават билет за претстојниот меч од осминафиналето од ЛШ против Загреб, што ќе се игра на 30 март во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Откако заврши рокот за купување на приоритетен билет на оние навивачи кои имаат сезонски карти, од денеска почнува регуларната продажба за овој дуел од Лигата на шампионите, и тоа по цена од 350 денари за местата на трибина и 400 денари за А-блоковите.

Како што информираат од РК Вардар, продажбата на билети за осмина-финалните натпревари се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден (понеделеник – петок) од 10 до 18 часот, и преку www.ticketplus.mk.

Се вчитува...