Продолжува доминацијата на Лион во женската ЛШ

Фудбалерките на Олимпик Лион стигнаа до петтата во низа титула во Лигата на шампионите, откако вечерва во финалето го совладаа германскиот Волфзбург со 3-1. Французинките поведоа со голот на Ле Сомер во 25. минута, а до крајот на првиот дел стигнаа и до водство од 2-0, откако во 44. минута стрелаше Кумагаи.

Германките со голот на Поп во 58. минута намалија на 1-2, а конечните 1-3 ги постави Гунарсдотир во 88. минута. Oва за францускиот тим е вкупно седма титула во елитното натпреварување со која се убедливо најтрофеен клуб, а дури петта во низа.

 

Се вчитува...