Продолжува кризата на Севилја, поразена и од Жирона (ВИДЕО)

Екипата на Севилја никако не може да се најде себе си во овогодинешното првенство на Шпанија. Тимот од Андалузија запиша нов пораз во шпанската Ла Лига, откако попладнево беше поразена од Жирона. И покрај водството во првиот дел, сепак, избраниците на тренерот Сампаоли не успеаја да освојат ниту еден бод на крајот.

Наинзу во 13. минута донесе гостинско водство. Стуани во 46. минута донесе израмнување за Жирона. Радоста на домашните навивачи ја донесе Херера во 88. минута од средбата.

Севилја не само што беше поразена, туку и статистички не направи ништо. Жирона имаше повеќе удари и шанси, па победата е заслужена. Со овој пораз Севилја и натаму е во опасната зона.

Се вчитува...