Продолжува рапсодијата на Борусија Менхенгладбах

Борусија Менхенгладбах продолжува со одлични игри во Бундес-лигата оваа сезона. Со триумфот на гости против Вердер (1-3), фудбалерите на овој тим се искачија на второто место на табелата, со само еден бод заостанување зад лидерот Борусија Дортмунд, а три повеќе од Баерн Минхен, во пресрет на вечерашното дерби меѓу овие големи ривали.

Аласане Плеа беше херој во триумфот на Борусија Менхенгладбах. Тој постигна хет – трик, а единствениот погодок за Вердер беше дело на Нури Шахин.

Победи остварија и двете последнопласирани екипи, Фортуна Диселдорф и Штутгарт.

Резултати Германија: Фортуна Диселдорф – Херта 4-1, Фрајбург – Мајнц 1-3, Хофенхајм – Аугсбург 2-1, Нирнберг – Штутгарт 0-2, Вердер – Борусија Менхенгладбах 1-3.

Се вчитува...