Проектилот на Лазаров меѓу „Топ 5“ голови во Франција (видео)

Кире Лазаров со прекрасниот погодок за победа на гостувањето против Шамбери е номиниран за најубав гол во францускиот шампионат.

Времето веќе беше истечено, но Лазаров биеше маестрално од девет метри, над живиот ѕид во горниот агол од голот, за огромна радост на Македонецот и неговите соиграчи. Нант го освои второто место при прогласувањето на предвремен крај на сезоната, успех за кој огромен придонес има токму македонскиот интернационалец.

Се вчитува...