Академија Пандев продолжува со задржување на најдобрите фудбалери од своите млади категории, откако актуелниот освојувач на Купот на Македонија денеска потпиша професионални договори со три талентирани играчи. Станува збор за Иле Донов, Ване Крстевски и Васко Глигоров, кои денеска ги потпишаа првите професионални договори во кариерата, токму со струмичкиот прволигаш.
„Продолжуваме со потпишување на професионални договори со деца кои произлегуваат од сопствената младинска школа, па така денес прв професионален договор потпишаа Донов, Крстевски и Глигоров. Истите веќе тренираат со сениорскиот тим и се вклучени во тренажниот процес и контролните натпревари кои ќе ги одиграме на подготовките во Анталија“, се вели во соопштението на „пандевци“.
Воедно, струмичкиот клуб објави дека е потпишан предвремен раскин на договорите со Давид Атанаскоски и со Михаил Маневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА