Пројковска ќе му суди на Пари Сен Жермен

Нашата најдобра фудбалски судијка, интернаcионaлката Ива Пројковска, туку што се врати од семинарот во Ница, организиран од страна на УЕФА  за најелитните фудбалски женски судии во Европа, а веќе денеска замина за Шведска каде на 28. септември ќе биде главен судија на мечот од групната фаза во Лигата на шампионите меѓу шведскиот претставник Хакен и познатата француска екипа Пари Сен Жермен.

На дуелот во Шведска, ќе и помагаат Вјолца Изеири и Елена Соклевска-Илиевска. Четврти судија ќе биде Ирена Велевачковска.

Ива Пројковска е единствен судија и кај мажите и кај жените во Македонија која им има судено на трите најпознати европски фудбалски гиганти. Пред Пари Сен Жермен беше главен судија на Реал Мадрид и на Барселона.

Претходно, на семинарот на УЕФА во Ница, на кој присуствуваа 2о најелитни женски европски судии, Пројковска со успех ги положи физичките норми и сите писмени тестови.

/М.М/

Се вчитува...