Прокисна „Градски Парк“, Работнички и Вардар ќе играат во „Кале“

Работнички веќе неколку години наназад се бори за да ги игра своите натпревари на домашен терен во „Градски парк“, иако на сите во клубот им е јасно дека оваа сала е предалеку и од минимум стандарди за играње на средба од Првата лига.

„Центарци“ секогаш успеваат во намерата, но можеби денеска ќе им стане јасно дека „Градски Парк“ мора што поскоро да замине во историјата, откако поради поројните дождови  во Скопје не беа во можност да го почнат натпреварот со Вардар. Покривот прокисна на неколку места, а откако стана јасно дека дождот нема да запре беше донесено „соломонско решение“, двата тима да се преселат од другата страна на реката Вардар и да играат во салата на „црвено-црните“, малата сала од СРЦ „Кале“.

Ако има „среќа во несреќа“, тоа е што барем Првата лига ќе заврши следниот викенд, а потоа Работнички во Супер-лигата како највисок ранг на натпреварување ќе мора да игра во арена каква што му доликува на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

Се вчитува...