Проклетиот 1 мај, денот кога цел свет плачеше – Пред 27 години се случи трагедијата на Аиртон Сена (ВИДЕО)

Датумот 1 мај важи за „проклет“ во светот на Формула 1, тоа е ден напишан со црни букви поради фактот дека на 1 мај пред точно 27 години животот го загуби најдобриот возач на сите времиња, Бразилецот Аитор Сена.

Сена загина на 34. годишна возраст откако ја загуби контролата на својот болид при брзина од 300 километри на час и удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола. Ден претходно во квалификациите на истиот свиок животот го загуби и Австриецот Роланд Раценберг.

Сена беше трикратен светски шампион во Формула 1, а во 2009 година од страна на британскиот автомагазин „Автоспорт“ беше прогласен за најдобар возач на сите времиња.

Се вчитува...