Проклетство ги прати наследниците на Инзаги во Милан

По се изгледа бројот „9“ во Милан е проклет, бидејќи било кој напаѓач кој го носи, откако збогум на фудбал му кажа Филипо Инзаги не ги оправдува очекувањата од раководството и навивачите. Последен во низата кој го носеше овој број, а имаше многу лоша статистика е полскиот интернационалец, Кшиштоф Пјонтек. Тој вчера го напушти клубот, а „9“ е повторно слободна.

Пјонтек не е првиот кој не го оправда носењето на овој број во Милан. Пред него, голем број „ѕвезди“ го носеа бројот „9“, но не ги оправдаа очекувањата. Црната серија ја почна Александар Пато во сезоната (2012/2013) кога постигна само два гола на седум натпревари. Потоа бројот му припаѓаше на Алесандро Матри кој во стрелците се запиша само еднаш на осумнаесет натпревари. Ужасната серија ја продолжи Фернандо Торес со еден гол на десет меча, а потоа пристигна Дестро кој постигна три гола на петнаесет мечеви. Деветката ја облече и Бразилецот Луиз Адриано, но и на него не му одговараше бидејќи на дваесет и шест меча само четири пати ја затресе противничката мрежа. Потоа следуваа и Лападула, Игуаин и Андре Силва, но и ниту еден од нив не успеа да се докаже во дресот на „росонерите“.

Се вчитува...