Пролет против Охрид ќе ги лечи раните од КЛ7

Ракометарите на Пролет се надеваат дека на денешниот дерби-дуел со Охрид експресно ќе се вратат на победнички патеки откако беа непријатно изненадени во минатото коло против КЛ7. Охрид е единствениот непоразен тим во групата, што е само мотив повеќе за избраниците на Матлиески да го земат скалпот на гостите на денешниот натпревар.

„Свесни сме кои ни беа пропустите на мечот со КЛ7, работевме на нивно отстранување и очекувам да се прикажеме во вистинско светло на денешниот натпревар со Охрид. Против себе имаме квалитетен ривал, што е добро покриен на сите позиции. Клучно ќе биде да одиграме на високо ниво во одбраната, особено ако успееме да ги неутрализираме нивните бодови. Охрид е ривал за почит, но Пролет ќе оди на победа на овој натпревар“, изјави капитенот Ласко Андоновски.

Натпреварот меѓу Тинекс Пролет и Охрид се игра вечерва во 18.30 часот во салата „МакедонскоСонце“  во скопската населба Пролет.

Се вчитува...