Пролет со две победи на првите две контроли

Екипата на Тинекс Пролет забележа победи на првите две контролни средби што ги одигра како дел од подготовките за новата сезона, а во кои избраниците на тренерот Матлиески за ривали ги имаат Металург2 и Радовиш.

Пролет најпрвин во скопската пресметка беше подобар од Металург 2, триумфирајќи заслужено со 38-33, за вечерва да слави и во дуелот со радовишани со 39-34.

Тренерот Матлиески на двете средби им даде шанса на сите ракометари да ги покажат квалитетите и начелно може да биде задоволен од прикажаното. Тинекс Пролет во текот на следната седмица ќе одигра контролен натпревар во Лесковац, Србија, против екипата на Дубочица.

Се вчитува...