Променет системот на натпреварување во Еврокупот

Кошаркарите на Будуќност и Цедевита Олимпија ќе бидат претставници на регионот следната сезона во Еврокупот, беше соопштено по средбата на челниците на натпреварувањето.

Покрај Будуќност и Цедевита Олимпија, од ова натпреварување ќе бидат дел и: Литкабелис, Арис, Бешикташ, Тренто, Гран Канарија, Хапоел Тел Авив, Хувентуд, Лондон, Бург, Париз, Прометеј, Улм, Шљонск, Турк Телеком, Клуж, Венеција, Хамбург и Волвс Вилнус.

Титулата во Еврокупот ја брани Гран Канарија, која минатата сезона во финалето на ова натпреварување го совлада Турк Телеком.

Во соопштението за медиумите се наведува дека во Еврокупот е променет системот на натпреварување. Наместо претходните осум, во следната рунда се пласираат најдобрите шест од двете групи.

Првите два тима одат директно во четвртфиналето, додека екипите кои ќе завршат од третото до шестото место ќе играат во осминафиналето.

Еден натпревар ќе се одигра во нокаут фазата, а предност на домашен терен ќе добие подобро пласираната екипа.

Се вчитува...