Промени во Охрид: Грданоски е нов претседател на клубот

Љупчо Грданоски ќе биде вршител на должноста претседател во ФК Охрид, по синоќешната оставка на досегашниот Владимир Алексиjоски која Управниот одбор на клубот веднаш ја прифати.

Управниот одбор му се заблагодари на Алексиjоски за досегашната работа и ангажманот за доброто на клубот, па во наредниот период низ тешката битка за опстанок во второлигашката конкуренција сезонава клубот ќе го води Грданоски.

Охрид на едно коло пред крајот од есенската полусезона се наоѓа на последното место од табелата во Втората лига – Запад. Во последното коло викендов на домашен терен го пречекува тимот на Кадино.

Се вчитува...