Промени во Работнички: Џексон си замина од „Градски Парк“, на негово место доаѓа Умипиг

Серијата променливи настапи и резултати во домашното првенство, надополнета со поразот од ТФТ во четвртфиналето од Купот на Македонија, придонесе да дојде до промени во играчкиот кадар на КК Работнички.

Пол Џексон од денеска повеќе не е член на „центарци“ откако овој кошаркар не ги оправда очекувањата на управата и навивачите, по што доби зелено светло за заминување. Тој денеска се врати назад во САД и повеќе нема да му биде на располагање на тренерот Мираковски, по недисицплината што ја покажа во изминатиот период, пред се од почетокот на оваа 2023 година.

Работнички експресно најде замена за Џексон, потпишувајќи договор со Ајзеа Умипиг. Станува збор за Американец кој повеќе има поентерска отколку плејмејкерска улога во тимот и кој доаѓа од косовскиот прволигаш Пеќ. Умипиг утре ќе пристигне во Скопје и ќе му се стави на располагање на тренерот Мираковски, а во периодот на репрезентативната пауза ќе добие и малку време за адаптација во новата средина.

Се вчитува...