Пронајдено тело во остатоците од авионот на Емилијано Сала

Спасувачите кои го пронајдоа исчезнатиот авион со кој патуваше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала објавија дека во остатоците било видливо тело. Авионот беше пронајден вчеравечер по речиси две седмици од моментот на исчезнување.

Во овој момент нема повеќе информации, официјалните лица само потврдуваат дека се работи за тело кое ќе треба да биде извлечено, а потоа идентификувано. За пронаоѓањето тело во срушениот авионот, како што пренесуваат англиските медиуми, информирани се и двете семејства, на Сала и на пилотот Дејвид Иботсон.

 

Се вчитува...