Пропадна размената меѓу Јувентус и ПСЖ

Матио де Шилјо ќе остане во Јувентус, а Лајвин Курзава ќе продолжи да го носи дресот на ПСЖ откако во последен момент пропадна размената на двајцата дефанзивци на италијанскиот и на францускиот првак.

Се чинеше дека работата е завршена, двајцата фудбалери ги договорија и личните услови со новите клубови, за во последен момент Јувентус да се премисли и целиот „бизнис“ да пропадне. Неофицијално, причина е повредата на Данило, кој ќе мора да отсуствува нешто подолго време, а во „старата дама“ не сакаат да ризикуваат да останат само со Квадрадо на позицијата десен бек во пресрет на осминафиналето од Лигата на шампионите.

Де Шилјо се согласил да остане во клубот најмалку до крајот на сезонава, но ПСЖ ќе се обиде во следните неколку дена да најде нов купец за Курзава, со оглед на фактот дека левиот бек има договор само до јуни, па летово ќе може без отштета да си замине од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...