Серхио Рамос и натаму е во потрага по нов клуб како слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ.
И покрај тоа што има 37 години, Рамос, како што вели, и натаму е желен предизвици.
Се обиде најпрво да се врати во Севилја, но клубот во кој фудбалски израсни го одби. Беше во преговори и со Бешикташ, но ни од трансферот во Турција нема да има ништо. Тоа го потврди самиот клуб преку официјалните мрежи во објава во која потврди дека имало преговори.
Преговорите со Рамос се прекинати откако двете страни не успеала да ги усогласат финансиските детали, соопшти Бешикташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА