Пропадна трансферот на замената на Белингем во Борусија Д.

Едсон Алварез, играчот од средниот ред на Ајакс нема да се пресели во Борусија Дортмунд, јавуваат германските медиуми. Иако Мексиканецот беше пред потпис со германскиот вицепрвак, сепак, во последен момент „милионерите“ се премислија околу трансферната сума која изнесуваше меѓу 20 и 30 милиони евра.

Проблемот наводно настанал во бонусите, па така Борусија се откажа од ангажман на Алварез, кој требаше да дојде на „Вестфален“ како замена за Џуд Белингем кој отиде во Реал Мадрид.

Борусија засега го ангажираше само Реми Бенсебаини од Борусија Менхенгладбах, како замена за Рафаел Гереиро кој потпиша за нивниот ривал Баерн Минхен.

Тимот од Дортмунд сега ќе се сврти кон Конор Галагер од Челси, но засега сумата која ја бара Челси од 38 милиони евра засега е неприфатлива за челниците на „милионерите“.

Се вчитува...