Пропадна враќањето на Бензема „дома“: „Заробен“ во Саудиска Арабија

Карим Бензема беше на прагот да се врати во Лион, каде што можеше да ја заврши својата богата играчка кариера, но на крајот не е постигнат договор.

Бензема неодамна ја заврши соработката со Ал Хилал, каде што се најде во втор план во последните месеци. Откако го раскина договорот со заедничка согласност, 38-годишникот стана слободен агент и сега размислува што понатаму.

Според францускиот Л’Екип, Лион бил многу блиску до враќање на својот поранешен напаѓач.

На прв поглед, таквата операција изгледала речиси невозможна, особено поради финансиската состојба на клубот, но Бензема наводно бил подготвен да ја олесни работата што е можно повеќе за неговиот матичен клуб.

Неговата идеја била да се врати во Лион и да игра уште една сезона без плата. Тој сакал да го помине последниот дел од својата професионална кариера таму каде што сè започнало, а контактите меѓу претставниците на клубот и неговите менаџери навистина постоеле.

Бензема бил искрено заинтересиран повторно да го носи дресот на Лион. Сепак, времето работело против него. Бензема не успеа навреме да ги подмири сите обврски поврзани со неговиот ангажман во Саудиска Арабија, па враќањето во Франција не можеше да се реализира пред затворањето на преодниот рок.

Се вчитува...