Поранешниот селектор на БиХ, Роберт Просинечки поднесе оставка на клупата на турскиот Денизлиспор откако денеска доживеа понижувачки пораз во Купот од нисколигашот Тургутлуспор со 2-1.
По очајните игри на тимот во Суперлигата на Турција, сега следи и срамен пораз во Купот по што Просинечки веднаш си поднесе оставка.
Веднаш по натпреварот Хрватот истакна дека му е жал за што се случи, и дека ќе биде одржан разговор со раководството на клубот по кој заминува од Денизлиспор.
Просинечки во август оваа година беше именуван за тренер на турскиот суперлигаш, но по само неколку месеци очигледно е приморан за промена на средината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА