Просинечки, поради влошено здравје, итно примен на клиника во Сараево

Селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ, Роберт Просинечки не беше синоќа на отворањето на новата зграда на Фудбалскиот сојуз во Сараево поради влошено здравје.

Како што пренесува „Дневни аваз“, Просинечки синоќа итно бил примен на Клиниката за кардиоваскуларни болести во Сараево затоа што не се чувствувал добро преку целиот ден.

Откако е задржан на мирување во болницата, потоа дополнително се извршени детални лекарски прегледи. Првично, според информациите од клиниката, се работи за хронична исцрпеност на хрватскиот стратег.

Се вчитува...