Протекоа информации околу малтретирањето и тортурата кои ги доживеал Ѓоковиќ од властите во Австралија

Новак Ѓоковиќ се наоѓа во на еден начин притвор во хотелот Парк во Мелбурн и се уште не се знае која ќе биде конечната одлука и дали ќе смее да настапи на Австралија опен. Во медиумите протече документот од жалбата на Србинот која неговиот адвокатски тим ја доставил до судот во Австралија.

Имено, таа е на 35 страни и е поделена на три дела. Во првиот е Запознавање со фактите, вториот дел се грешките во процесот, а третиот што е најскандалозно е малтретирањето при доаѓањето во Австралија од страна на претставници од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите кои ги навеле адвокатите 21 минута по полноќ, како и половина час подоцна тој е два пати интервјуиран. Околу 3.55 часот најавен е состанок на кој ќе му биде соопштена пресудата, по која добил само 20 минути за жалба. Тој побарал пролонгирање на ова за да може да се консултира со правни советници па во 5.20 по локално време тоа му е дозволено.

Делегатите почнале притисок на Ѓоковиќ да прифати завршување на интервјуто, и покрај неговото инсистирање да почекаат до 8.30 часот. Интервјуто завршило во 6.14 часот, да во 7.29 биде донесена официјалната одлука за поништување на визата.

Се вчитува...