Протести во Индија поради статуата на Роналдо

Статуата на Кристијано Роналдо предизвика контроверзии во индиската држава Гоја, каде локалното население се пожали дека наместо индиски фудбалер се слави Португалец. Сепак, Мајкл Лобо, министерот на провинциската влада, на Твитер објави дека намерата е да се промовира фудбалот и да се инспирираат младите да го играат.

Наместо тоа, ден по откривањето на статуата тешка 400 килограми, околу неа се собраа демонстранти носејќи црни знамиња, јавува индиската новинска агенција „IANS“.

Граѓаните беа лути не само поради одлуката да му оддадат почит на странски фудбалер, туку и поради фактот што тој е играч на Португалија, што беше сфатено како посебна навреда бидејќи Португалија со векови владееше со Гоа како своја колонија, оставајќи ја пред само 60 години. Во Индија, крикетот е најпопуларен спорт, иако во некои области кои не биле колонизирани од Британците, како што е Гоа, фудбалот ужива поголема популарност.

Се вчитува...