Против Бугарија, Исланд и Албанија во Дејвис-купот од Третата европска зона

Дејвис-куп репрезентацијата на Македонија ќе игра против домаќинот Бугарија, Исланд и Албанија во Групата А од натпреварите во Третата европска зона кои од утре се играат во Пловдив, Бугарија.

Во првото коло на турнирот македонската селекција ќе се соочи со репрезентацијата на Исланд. Македонија, како што е познато, во Бугарија ја претставуваат Горазд Србљак, Димитар Грабул, Стефан Мицов и Ѓорѓи Јанкуловски, под водство на селекторот Чедомир Јовановски. Дејвис куп селекцијата ќе настапи без најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски.

Во Б групата, според ждрепката, ќе играат Монако, Андора, Кипар и Сан Марино. Двете првопласирани репрезентации од групите во сабота (7. април) ќе играат во финалето на турнирот. Победникот на овој турнир од следната година обезбедува место во Втората Евро-африканска зона.

Се вчитува...