Прв фајналфор без Вардар: Лесна задача за Ѓер во полуфиналето

Ѓер како бранител на трофејот важи за голем фаворит на фајналфор турнирот во ракометната ЛШ за жени, на кој за првпат нема дел да биде и Вардар, по распадот на македонскиот првак изминатото лето.

Унгарскиот првак за ривал во полуфиналето го доби Кристијанштад, ривал што Ѓер веќе два пати го победи сезонава во групната фаза од елитното европско натпреварување. Дрим-тимот на ЧСМ Букурешт воопшто не се пласираше на овој фајналфор откако беше елиминиран од Мец, а францускиот првак за ривал во полуфиналето ќе го има Ростов Дон.

Фајналфор турнирот од Лигата на шампионите во женска конкуренција ќе се одржи на 11 и 12 мај во Будимпешта.

Се вчитува...