Прв италијански фудбалер со коронавирус, и тренерот на Хонвед во „изолација“

Италијанската фудбалска федерација го регистрираше и првиот фудбалер заразен со коронавирус.

Како што информираат италијанските медиуми, се работи за фудбалери на третолигашот Пјанезе. Тој минатиот викенд имал симптоми на грип, изминатиов викенд поради висока температура не настапил на мечот на својот тим, по што е потврдено дека има коронавирус. Сепак, претходно бил во контакт со соиграчите, присуствувал на вечерата пред натпреварот, поради што откажан е денешниот тренинг на Пјанезе и се чекаат насоки од здравствените власти.

Во исто време, како што пренесува „Газета дело спорт“, и тренерот на унгарски Хонвед Џузепе Санино привремено е отстранет од должноста во клубот. Санино и неговиот соработник Алесандро Реченти привремено се отстранети од должностите во унгарскиот клуб Хонвед поради страв од вирусот.

Двајцата неодамна биле во Италија, кога се вратиле во Унгарија ги поминале сите тестови, но од таборот на Хонвед не сакаат ништо да ризикуваат, па им наредиле во следните денови да бидат подалеку од тимот.

Се вчитува...