Прв коментар на ФИФА во врска со прекинот на натпреварот во Бразил

Од седиштето на Светското првенство не брзаат со оценките за ситуацијата во Бразил во врска со прекинот на натпреварот од квалификациите за зоната Конмебол за СП помеѓу домаќините и Аргентина. Потсетуваме, натпреварот на „Коринтијанс Арена“ беше прекинат по само неколку минути, кога членовите на локалната Агенција за здравствена супервизија (Анвиса) влегоа на теренот, и сакаа да ги изнесат фудбалерите од стадионот кои не беа во карантин.

Се чекаат на ФИФА да одлучи за конечниот исход на овој натпревар, а од таму се појавија со краток коментар за овој настан.

„Во овој момент, можеме само да потврдиме дека судиите го прекинаа натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина. Ги собираме сите официјални ставови, со цел да дознаеме што всушност се случило, а после тоа ќе дадеме дополнителни информации за се“, се вели во официјалното соопштение на ФИФА.

Проблемот се појави поради играчите кои неодамна дојдоа од Англија, Емилијан Мартинез, Емилијан Буендија, Џовани Ло Селсос и Кристијано Ромеро, од кои тројца беа стартери. Според правилата на Анвис, тие мораа да поминат 14 дена во карантин, при пристигнувањето на територијата на Бразил, бидејќи беа во Велика Британија последните две недели. На границата, сепак, играчите ја отфрлија таквата можност.

Се вчитува...