Прв натпревар во „Јане Сандански“ и веднаш МВП: Кеандре Кук најдобар во АБА (ФОТО)

Кошаркарот на МЗТ Скопје, Кеандре Кук е избран за најкорисен играч на 18. коло од АБА лигата. Американецот кој во дебито во „сино-белиот“ дрес заработи повреда, по рехабилитацијата за прв пат заигра пред навивачите на македонскиот шампион и го предводеше од победа против фаворизирантата Цедевита Олимпија.

Кук за 24 минута поминати на теренот забележа 26 поени со реализација 5/7 за два, 2/4 за три и 10/15 за еден поен. Згора на тоа додаде и 5 скока и по една украдена топка и асистенција за фаворизација 31.

Се вчитува...