Прв пораз на Аликанте на камбекот на Ѓуроски

Стојан Ѓуроски се врати на терените откако го победи коронавирусот, но камбекот на македонскиот репрезентативец не беше доволен за Аликанте да го избегне првиот пораз во втората шпанска лига.

Аликанте (6-0) вечерва во дербито на колото на домашен терен го пречека тимот на Гранада (5-1 по првите шест кола), но Ѓуроски и соиграчите не успеаја да најдат начин да ја забележат и седмата победа во низа од стартот на сезоната. Гранада водеше во речиси целиот натпревар, Ѓуроски со две тројки го врати Аликанте во финишот од третата четвртина, но гостите сепак не дозволија пресврт во завршните десет минути и на крајот заслужено стигнаа до победата.

Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со осум поени (сите постигнати во второто полувреме), три скока, една асистенција и една украдена топка за вкупно 14 минути колку што мина на теренот.

Се вчитува...