Прв пораз на Металург на подготовките во Франција

Ракометарите на Металург го доживеаја првиот пораз на подготовките во Франција. Во дуелот со екипата на Екс ан Прованс, Металург загуби со убедливи 17-36, во меч во кој тренерот Данило Брестовац им даде шанса на помладите играчи, оние кои не настапија на силниот турнир во Гренобл кој пред два дена го освои токму Металург.

Најефикасен кај „металурзите“ беше Александар Шпенде со шест гола, додека младиот, 15-годишен Стефан Додиќ, на најдобар начин ја искористи шансата и укажаната поголема минутажа, постигнувајќи четири гола.

Следниот пријателски натпревар на Металург на подготовките во Франција е утре против екипата на Ним.

Се вчитува...