Прв позитивен случај на Ковид-19 во Ливерпул

Регистриран е прв позитивен случај на Ковид-19 во редовите на англискиот шампион Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми. Тимот се наоѓа во Салфелден, Австрија каде Јирген Клоп ги стартуваше подготовките за новата сезона и одбраната на титулата во домашниот шампионат.

Од клубот се уште не ја потврдија оваа информација, а името на членот на „црвените“ кој е заразен со коронавирус се уште е непознато за јавноста. Јирген Клоп минатата сезона ги водеше „црвените“ до првата титула во Премиер-лигата по пауза од 30 години, а сезона претходно стигнаа и до врвот на Европа откако во финалето беа подобри од Тотенхем.<

/p>

Се вчитува...